https://flickr.com/photos/besara/23769008468/in/photolist-5oLZQc-6ZBQ7z-fQsh2U-ohWz9g-c9bPa-2nANjnq-4ZHxe6-Cdoo7Q-eb7gPs-LUk6jb-6P234B-9y8899-4NtKid-2njARTF-4sLgiC-uAxizH-2iDkvBX-ejB1vt-KEfXZ7-5xxCGQ-evsQqP-phWphP-4RLoxD-catCcY-a1rNMi-9hosyZ-6wpV9V-8Gya85-8FMmS9-KWePAp-nmsM82-dNUzNG-6tHHgx-nQR7mV-9JoH43-7KeKng-KsJaN4-dhUuso-4sT12L-8R1fbm-gfgVAN-ecyxcA-4tkV1o-Zm7AYE-8UNALz-5Qi6fz-rmr8S-86XAr4-9SZFJS-9W5dfv

07.09.2022 Скопје

Албанија ги прекина дипломатските односи со Иран и им нареди на иранските дипломати и персоналот на амбасадата да ја напуштат земјата во рок од 24 часа, поради сајбер нападите кои се случија во јули за кои Тирана го обвини Техеран.

Албанскиот премиер, Еди Рама рече дека овој екстремен одговор е целосно пропорционален на сериозноста и ризикот од сајбер напад, кој се заканувал да ги уништи јавните услуги, да ги избрише дигиталните системи и да ги хакира владините записи, да ги украде владините електронски комуникации на интернетот и да ослободи хаос и несигурност во земјата.

Во јули во Албанија се случи сајбер напад, кој привремено ги парализираше владините веб-страни, а онлајн владините служби мораше да бидат затворени.

Сите системи повторно беа функционални по нападот и ниту еден податок неповратно не беше избришан. Минатиот месец, фирма за сајбер безбедност, оценила дека нападот во Јули го извршил Иран, иако многу американски медиуми објавиваа информации дека најверојатно Русија стои зад нападот.

Подготвено од М.Н.

About Author