14.09.2022 Скопје
Кремљ денес ја намали важноста на падот на продажбата на гас на европските земји, порачувајќи дека има други земји кои се спремни да ги купуваат руските енергенси. Дмитриј Песков кажа дека Русија ќе ги надомести загубите настанати со падот на продажбата на гас на Европа со продажбата на други држави.
Песков изјавил дека Европа не е единствениот консумент на природен гас, ниту пак е единствениот континент на кој му треба гас. Песков кажал дека постојат региони кои се развиваат многу побрзо, и дека тие можат да ја компензираат намалената побарувачка за рускиот гас.
Пред почетокот на руската инвазија над Украина, некои европски зeмји своите потреби за гас ги покриваат исклучиво со рускиот гас. Но, од почетокот на војната дел од европските земји драстично го намалија увозот на рускиот гас, а потоа и самата Русија ги секна испораките.
Подготвено од М.Н.