17.09.2022 Скопје
Албин Курти, премиерот на Косово, истакна дека постои можност од избувнување на нова војна во Косово, имајќи предвид дека Србија продолжува да ја снабдува својата војска со оружје од Русија и Кина.
Во интервју за еден национален медиум, косовскиот премиер Албин Курти изјави дека би било неодговорно да се каже дека никогаш повеќе нема да има конфликт и војна. Воедно, додаде дека доколку нема подготовки за војна, тогаш зошто минатата година Србија и Русија одржале 104 заеднички воени вежби, на српската територија, од 91, колку што имале најавено и во исто време ги извеле двете најголеми вежби, насловени како „Славјански штит“ и „Славјанско братство“.
Во врска со неговото спротивставување на формирањето Заедница на српски општини во Косово, косовскиот премиер изјави дека тоа би претставувало вовед во создавањето н една нова Република Српска во регионот.
Во моментов, според Курти, најопасна работа е тоа што раководството на Србија ја смета Русија за своја мајка. Исто така, истакна дека за можноста од нов конфликт во Косово и во регионот, причина ќе се врските на официјален Белград, на чело со претседателот Александар Вучиќ со режимот во Москва, предводен од Владимир Путин. Во врска со оваа изјава, Курти додаде и дека има ризик од војна и иако зад Србија стои Путин, тој сепак не би рекол дека опасноста е многу висока, затоа што Косово го има контингентот на НАТО.
Подготвено од А.Ѓ.