13.09.2022 Скопје
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во изјава за медиумите, по остварената средба со Киријакос Мицотакис, ги откри деталите за кои разговарале на остварената средба.
Ковачевски кажал дека на оваа средба било договорено Грција да обезбеди непречен извоз на мазут и јаглен како суровини за производство на електрична енергина во Северна Македонија. Ковачевски кажал дека со Мицотакис се договориле дури и да се донесе одлука за ограничување на суровините, тоа ограничување да не важи и за Северна Македонија.
Снабдувањето на овие суровини ќе се одвива непречено во четвртиот квартал на оваа година и првиот квартал од 2023 година во РЕК Битола и РЕК Осломеј, ќе има непречено снабдување на мазут преку Грција, да да може непречено да функционира ТЕЦ Неготино. Веќе почнаа да се јавуваат недостатоци на енергенси во Европа, и премиерот Ковачевски истакнал дека време е да се обезбеди непречено снабдување со овие суровини и најважно е да нема нивно ограничување при увозот во Северна Македонија.
Подготвено од М.Н.