https://www.facebook.com/mod.mil.rus/photos/3209813515928049

07.09.2022 Скопје

Руското министерство за одбрана, во теков на денешниот ден, соопшти дека се забранува во Русија на голем број европски воени функционери, високи офицери за безбедност како и претставници на компании за продажба на оружје.

Меѓу санкционираните има вработени во компании кои ја снабдуваат Украина со оружје.

Министерството за одбрана се уште не ги наведе имињата на лицата на кои им е забранет влез во Русија, и не е познато дали воопшто ќе бидат објавени или пак кога ќе сакаат да патуваат и да остварат влез во Русија, во тој момент ќе бидат известени за забраната која е донесена.

Се претпоставува, но и од Министерството не го отфрлија тврдењето, дека овие нови санкции се одговор на непријателската антируска политика на Западот, односно ова е јасен одговор за санкцијата која Западот ја воведе за визите на руското население.

Подготвено од М.Н.

About Author