https://www.facebook.com/photo/?fbid=416905603643919&set=pb.100059734473815.-2207520000..

03.09.2022 Скопје

Пред неколку дена здравствениот систем беше хендикепиран, поради поплавувањето на клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување. Поради поплавувањето на клиниката, пациентите не беа примани во неа и беа препраќани во други градови и болници.

Дафина Стојаноска која е член на ИК од партијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција истакнала дека испраќа предупредување до директорката на КАРИЛ, Министерството за здравство и други надлежни институции, бидејќи имала сознание дека не се превземени никакви подетални чекори за санирање на штетата од поплавата на КАРИЛ, и дека водата се собирала само со џогер, без да се направат микробиолошки брисеви поради опасност од инфекции.

Стојаноска истакнала дека брзоплетноста на надлежните не смее да ги загрозува човечките животи, бидејќи оваа клиника е мошне сериозен и чувствителен дел од здравствениот систем и терцијалното здравство.

Според Стојаноска, клиниката, како што изјавила, не е ниту некое дворче, ниту пак гаража, за после таква поплава се да се расчисти фушерајски, оваа клиника ги третира едни од најтешките сличаи во Македонија, животите на граѓаните се најважни, и бара од власта да се направат прво сите микробиолошки брисеви и сите строги стандари и отпосле клиниката да се врати во функција.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *