https://www.facebook.com/photo.php?fbid=803574270082094&set=pb.100012885856065.-2207520000..&type=3

14.09.2022 Скопје

На социјалните мрежи објавена е ексклузивна вест дека главниот претставник на Владимир Путин за Украина, му рекол на рускиот лидер на почетокот на војната дека склучил привремен договор со Киев кое ќе го задоволи барањето на Русија, Украина да остане надвор од НАТО, но Путин го одбил тој договор и продолжил со воените дејствија.

Пратеникот кој имал украинско потекло му кажал на рускиот лидер Путин дека договорот кој го постигнал ја отстранува потребата Русија да продолжи со својата окупација врз Украина и побарал да биде усвоен договорот од страна на Путин.

Путин пред војната во неколку наврати тврдеше дека НАТО и неговата воена инфраструктура се приближуваат кон границите на Русија со прифаќањето на нови членки од Источна Европа и дека Алијансата сега се подготвува да ја воведе и Украина. Путин јавно кажа дека тоа претставува егзистенцијална закана за Русија, и дека ќе биде принуден да реагира.

Покрај тоа што претходно ги поддржа преговорите, Путин јасно стави до знаење кога му беше поставен Козаковиот договор дека отстапките за кои преговараше неговиот помошник не оделе далеку и дека тој ги проширил своите цели да вклучат анексија на делови од Украина, затоа Договорот беше отфрлен, а на 24 Февруари Русија изврши инвазија над Украина.

Михајло Подљак, советник на украинскиот претседател, изјавил дека Русија ги искористила преговорите како димна завеса за да се подготви за својата инвазија, и кажал дека руската страна никогаш не била заинтересирана за да се изнајде мирно решение за проблемите кои биле актуелни.

Подготвени од М.Н.

About Author