11.09.2022 Скопје
Откако во текот на целиот меч беше крајно неизвесно, сепак Полска успеа во самиот финиш да биде постабилна и стигна до 94:86 победа над Украина, за пласман во четврт-финалето на Евробаскетот.
Следни противници на полската кошаркарска репрезентација ќе бидат актуелните шампиони и едни од фаворитите за златото, репрезентацијата на Словенија. Лидер на полската репрезентација во мечот со украина беше Матеуш Понитка, кој во 32 минути на паркетот имаше 22 поени, 9 скока, 6 асистенции и 3 украдени топки.
Украинците се бореа до самиот крај и некаде седум минути пред крајот успеаа да израмнат на 76:76, потоа Понитка со две тројки во низа ги донесе полјаците во предност а потоа и во голема победа.
Подготвено од М.Н.