https://www.facebook.com/photo.php?fbid=767394144583400&set=pb.100039384651153.-2207520000..&type=3

04.09.2022 Скопје

Северна Македонија прави значајни чекори напред во сферата на стратегиските комуникации. Во финална фаза на донесувањето е Политиката за стратегиски комуникации, која ги поставува основите што за Армијата значат да се биде максимално транспарентен, изјавила министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

Со овој документ кој е комплементен на НАТО, Политиката за стратегиски комуникации, ги дефинираме и учесниците во овој процес, нивната меѓуповрзаност и нивната одговорност.

За нас како НАТО Алијансата е исклучително важно да го разбереме местото на стратегиските комуникации во одбраната и да создадеме систем кој ќе овозможи овие стратегиски комуникации да бидат ефикасни и ефективни, изјави министерката за одбрана, Петровска, во гостување на една национална телевизија во Северна Македонија.

Министерката на крајот на своето гостување, посочи дека заедничката цел како Алијанса е, навремена, точна комуникација за мисијата и целите на сојузниците.

Подготвено од М.Н.

About Author