25.09.2022 Скопје
Попретседателката на ЛДП, Моника Зајкова, од Охрид на конференцијата „Зајакнување на капацитетите на младинските крила на политичките партии“ организирана од Фондацијата Конрад Аденаур во соработка со RYCO и Фридрих Еберт Стифтунг, порача дека политичките подмладоци треба да бидат сервис на младите луѓе, а не на лидерите и раководството на политичките партии. Воедно, истакна дека од подмладоците се очекува да продуцираат идеи кои што ќе го подобрат животот и стандардот на младите во државава и потребно е во своите партии да лобираат помеѓу нивните функционери, пратеници, нивните младински иницијативи и идеи да станат реалност.
Зајкова истакна дека за жал, досега само еднаш се обединиле сите политички подмладоци кога се креираше „Законот за младински политики и младинско учество“ и тоа беше успешно, но не само за ова, туку и за повеќе прашања потребно е обединување за да се покаже државност кај младите, објаснувајќи дека ЛИДЕМ како политички подмладок успеа да ги обедини политичките партии со иницирање на Законот за субвенциониран студентски оброк, затоа Зајкова апелира до секој кој има идеја како политички подмладок да ја претстави пред другите политички подмладоци и младинскиот сектор и така сплотени да ја достават до институциите и да инсистираат на нејзина имплементација.
Потпретседателката на ЛДП апелираше да се престане со негативни кампањи, за тоа што и кој направил или не направил, да престанат да гледаат наназад, туку да се почне да се гледа нанапред, затоа што потребни се вистински свежи и нови младински иницијативи. Воедно, таа истакна дека сите сме свесни дека условите во студентските домови не се на потребното ниво и дека иако се направи одреден напредок, се уште треба да се подобруваат, па зошто сите подмладоци не се обединат и не направат план и барање до партиите вистински да се подобрат условите и можностите, место да се обвинуваат кој повеќе, а кој помалку направил.
Клубот на младите во Парламентот е отворен за сите младински организации и индивидуи и во одредени дебати потребно е да се вклучат и политичките подмладоци за да се даде поголема важност на младите и младинската политика.
Подготвено од А.Ѓ.