08.09.2022 Скопје
По прекинувањето на дипломатските односи меѓу Албанија и Иран, иранските дипломати запалиле документи во буре во амбасадата во Тирана. Само по неколку часа, противтерористичката полиција на Албанија извршила претрес во празниот објект.
Во текот на вчерашниот ден, властите на Албанија издадоа наредба, сите вработени од амбасадата на Иран, која е со седиште во Тирана, и дипломатите да ја напуштат земјата во рок од 24 часа, како одговор на Иранските сајбернапади во јули.
Пред да се иселат, вработените во амбасадата биле забележани како палат документи во буре. Откако го напуштиле објектот, набргу после тоа полиција опремена со автоматски пушки извршиле претрес во објектот, каде што ги затекнале остатоците од запалените документи.
Длабинската истрага која била спроведена, обезбедила докази дека Иран стои позади сајбернападот во јули, кој се закани дека ќе бидат парализирани сите јавни установи и беа хакирани сите државни документи а со тоа се предизвика хаос и несигурност во Албанија.
Подготвено од М.Н.