14.09.2022 Скопје
Заменик претседателот на Движењето Беса, Арјанит Хоџа, повика да се изгасне осветлувањето на Милениумскиот крст на Водно со цел да се заштеди струја во време на голема енергетска криза во земјава. Хоџа направи споредба со Ајфеловата кула во Париз.
Во Париз се носи одлука за намалување на осветлувањето на Ајфеловата кула, и со тоа заштедуваат електрична енергија особено сега кога е период на голема глобална енергетска криза, која е веќе започната, а се очекува во текот на ова зимо уште повеќе да се продлабочи.
Хоџа изјавил дека нашите лидери, наместо да ни кажуваат како во нашите домови да ја користиме електричната енергија и да штедиме, треба да донесат предлог со кој тие ќе почнат да штедат, а може да почнат веќе од непотребното осветлување на Милениумскиот крст на Водно, стои во изјавата на заменик претседателот на Движењето Беса.
Подготвено од М.Н.