https://www.facebook.com/photo/?fbid=640374020790281&set=pb.100044530655544.-2207520000..

21.09.2022 Скопје

Од кабинетот на израелскиот премиер соопштија дека израелскиот премиер Јаир Лапид и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во вторникот, се сретнале на маргините на Генералното Собрание на Обединетите Нации, што е првпат лидерите на двете земји да зборуваат во живо од 2008 година.

Лапид и Ердоган на средбата разговарале за енергетиката, која стана клучна област на соработка откако односите меѓу двете земји се подобрија во последните месеци, а воедно Лапид му се заблагодарил на Ердоган за размената на разузнавачките информации и укажал на барањето на Израел за враќање на четворицата израелски државјани, од кои двајца војници, кои се водат како исчезнати во Појасот Газа од 2014 година.

Заладувањето на односите меѓу Израел и Турција е како последица поради конфликтот околу палестинското прашање. Воедно, Турција долго време го поддржува палестинското исламистичко движење Хамас, кое владее со Газа, а голем дел од Западот го смета за терористичка организација и токму таквиот однос честопати беше точка на расправија во напорите за обновување на врските меѓу Турција и Израел. Додека пак, Анкара беше лута поради убиството на 10 турски активисти за време на судирите што избувнаа кога израелски маринци упаднаа на бродот, кој се обиде да ја пробие израелската поморска блокада на Појасот Газа.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author