04.09.2022 Скопје
Американскиот Стејт департмен одобрил продажба на оружје на Тајван во вредност од над 1,1 милијарда долари, вклучувајќи 60 противбродски проектили и 100 ракети воздух-воздух. Пакетот бил одобрен по агресивните кинески воени вежби околу Тајван по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, на островот.
Потпаролот на Стејт департментот на САД, изјавил дека ја одобрил продажбата и дека овој пакет бил суштински за безбедноста на Тајван.
Пентагон изјавил дека најавената опрема и поддршка нема да ја променат основната воена рамнотежа во регионот. Потенцијалната продажба на оружје на Тајван е одраз на континуираната поддршка на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден за островот.
Најавата на Пентагон доаѓа во време кога односите меѓу САД и Кина се заладени, и Кина во Петокот ги повика САД веднаш да ја отповикаат одлуката за продажба на оружје на Тајван.
Лиу Пенгју, кој е потпарол на кинеската амбасада во Вашингтон, изјавил дека Пекинг остро ќе одговори на оваа одлука.
Подготвено од М.Н.