https://scontent.fskp4-2.fna.fbcdn.net/v/t39.30808-6/292043543_595594765264771_3607228327691668458_n.jpg?_nc_cat=109&ccb=1-7&_nc_sid=8bfeb9&_nc_ohc=q9_BntQ1rR0AX8YKw1O&_nc_ht=scontent.fskp4-2.fna&oh=00_AT-HZkiTTSegEXntaUDuxx9fW19a2GO5PvU_VLBbGNWx0g&oe=62D30F66

26.09.2022 Скопје

Претседателот Стево Пендаровски, во видеообраќање со кое ја отвори 13-та Меѓународна научна конференција „Образовни предизвици и перспективи на безбедноста“ во Струга, истакна дека безбедносните прашања секогаш биле важна тема, а неизбежно, најактуелно безбедносно прашање на денешнината е руската агресија врз Украина која тектонски ја поремети стабилноста на Европскиот континент, кога мислевме дека по падот на Берлинскиот ѕид сме навлезени во период на долгорочен мир и стабилност.

Меѓународната научна конференција „Образовни предизвици и перспективи на безбедноста“ е организирана по повод 45 години високо образование во областа на безбедноста.

Во своето обраќање, претседателот Пендаровски потенцира дека уште во 2014-та по анексијата на Крим беше јасно дека пред европската безбедносна архитектура има значајни предизвици, но реално никој не очекуваше директна воена агресија врз една независна и суверена земја, каква што не е видена од завршувањето на Втората светска војна. Воедно, истакна дека Северна Македонија ја осуди руската агресија врз Украина и даде целосна поддршка на украинскиот народ во одбрана на својата независност која вклучуваше не само политичка, туку и конкретна техничка помош и воена опрема.

Според Пендаровски, војната во Украина донесе редица предизвици на многу полиња со кои светот, а посебно Европа, мораат да се соочуваат. Исто така, најголем предизвик е и допрва ќе биде енергетската криза, потоа безбедносните предизвици од трети страни, малигни актери, кои посакуваат дестабилизација на Балканот, но и растот на инфлацијата, дезинформациите и популистичките реторики кои се засилуваат користејќи го видливиот застој во евроинтеграциите на Западниот Балкан.

Во врска со патот на Северна Македонија кон Европската Унија, Пендаровски изјави дека со големите дипломатски компромиси кои се направени во изминатите неколку години, како Влада имаат покажано дека се сериозни во намерата да ја реализираат нивната втора стратешка цел. Воедно, Пендаровски нагласи дека сме подготвени како држава да ги исполниме сите европски критериуми, појаснувајќи дека по агресијата врз Украина на многумина им е појасно колку е значајна евроатлантската перспектива и подвлече дека е исклучително значајно таа засилена кохезија и интересот на Европската Унија за регионот да продолжи и по што поскорото, завршување на руската агресија врз Украина.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author