11.09.2022 Скопје
Во Шведска денеска се гласа за избор на нов парламент, а избирачките места ќе бидат отворени до 20 часот по локално време. Првичните резултати се очекуваат веднаш по затварањето на гласачките места и првите официјални делумни резултати ќе треба да ги објави изборната власт во текот на вечерта.
Анкетите за сега покажуваат тесна трка помеѓу двата политички табора. Социјалдемократите кои се предводени од премиерката Магдалена Андерсон се претпостаува дека и во овие избори повторно ќе освојат најмногу гласови.
Од друга страна на политичкиот табор, лидерот на Умерената партија, Улф Кристерсон се наведа дека ќе ја замени Андерсон како нов шеф на Владата во Шведска.
Подготвено од М.Н.