29.09.2022 Скопје
Бујаре Абази, која беше заменик градоначалничка на Град Скопје, денес поднесе оставка од својата функција. Абази е од редовите на политичката партија Алијанса за Албанците, денеска на прес-конференција истакна дека Алијансата на Албанците од своето формирање континуирано демонстрира принципиелна и транспарентна политика.
На последните локални избори во Град Скопје, ветивме дека ќе бидат тргнати од власт оние кои што наштетија на градот, оние кои ограбуваа и им го влошија животот на сите скопјани, но сега актуелната градоначалничка Данела Арсовска, има направено две скандалозни прекршувања на договорот и заложбата која ја дадовме пред нашите граѓани, изјавила Абази.
Абази потенцираше на новите функции кои ги добија членовите на ДУИ, и поради несовесното однесување на сегашната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, и невозможната соработка со новите членови од ДУИ кои се ставени на несоодветни функции, таа денеска самата си поднесе оставка од нејзината функција.
Подготвено од М.Н.