https://www.facebook.com/photo.php?fbid=306224208185864&set=pb.100063948614084.-2207520000..&type=3

13.09.2022 Скопје

Директорот на депонијата Дрисла, Јане Мицевски си заминува од својата позиција. На јавноста оваа информација ја соопштил преку статус на својот фејсбук профил во кој истакнал дека со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска веќе не можело да се оствари соработка.

Мицевски напишал дека немал повеќе координација со Арсовска и покрај неговите бројни обиди тоа да се смени. Мицевски напишал дека Дрисла се соочувала со безброј сериозни проблеми и исто така институцијата имала безброј неплатени сметки за електрична енергија и тоа е сериозен удар на претпријатието, но до сега ова претпријатие немало никаква поддршка од страна на Град Скопје.

Мицевски напишал дека е горд што за 9 месеци додека бил на директорското место на Дрисла успеал да набави нова сопствена механизација и барем малку е осовремена депонијата, а е обезбедено и подобри услови за работа на вработените во ова претпријатие.

Мицевски истакнал дека вработените кои биле дел од неговиот тим, може да посведочат за неговиот начин на менанџирање и посветениот труд кој го вложил како директор на претпријатието. Личните привилегии никогаш не му претставувале приоритет на Мицевски, но одговорноста спрема граѓаните е најважна за него, и во својата објава напиша дека од Дрисла излегува со крената глава и дека неговите постигнувања се очигледни и секој може да ги види.

Подготвено од М.Н.

About Author