https://www.flickr.com/photos/european_parliament/29561454595/in/photolist-M3fbxD-pVLkqQ-nQNBhs-nysx5w-nN3mvf-oezUBg-5pTizD-2gkK6km-drhUdX-Yk1Zm1-5aKSaS-aba4V7-dpFpLx-nvBdYv-LKMs4s-CmvxKy-nMVuBs-MyyT8h-2nrdTB3-2khsZn2-G2LdBw-2mKKFqP-2mKNSPM-2mKKt7v-6UAy4B-2mKJijp-6nDdDN-nMN6Xc-2mKDX1x-FftiwC-2mKJ9ii-2h9vGaJ-2mKNQHn-2mKJbh8-G8NzaQ-2mKNDDP-G553ZB-2mKNLT3-duji1w-2mKMK4n-2mKJm2P-2mKMLwN-2mKNPGE-covHt9-2mKNQdu-FftGA3-oPNSfH-2iYPCPV-2vjLuF-nvBbtv

29.09.2022 Скопје

Во текот на вчерашниот ден, Европската Комисија го презентираше последниот предлог за нови рестрикции врз Русија. Во предлогот спаѓаат ограничувањето на цената на руската нафта, што се извезува во трети земји кои немаат санкции против Москва, низа материјали, супстанци и производи, со цел да се намалат приходите на Кремљ.

Осмиот пакет санкции на Европската Унија против Русија содржи повеќе скапоцени метали, но не и дијамантите.

За Белгија, дијамантската индустрија е многу важна и иако Белгија официјално не се изјаснува против санкции во оваа област, медиумите и експертите тврдат дека е силно лобито кое врши притисок врз ЕУ институциите и земјите да не се вклучат дијамантите во санкциите.

Бројни други луксузни производи како златото и други се санкционирани, но руските дијаманти се уште пристигнуваат на европскиот пазар.

Дијамантите претставуваат 30 отсто од глобалната трговија на Русија и е во десетте главни извозни производи, кога се исклучува енергијата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author