https://www.facebook.com/photo/?fbid=654923589322299&set=pcb.654917862656205

23.09.2022 Скопје

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, во Њујорк.

Од Министерството за надворешни работи информираа дека на средбата се разговарало за актуелната ситуација, предизвикана од руската инвазија во Украина, безбедносниот аспект и последиците за европските земји, како и напорите што Северна Македонија и Турција ги преземаат со цел справување со кризата. Воедно, како што информираат од МНР поздравен е и ангажманот и посредството на Анкара и Обединетите Нации во постигнатиот договор со кој се овозможува извоз на украинското жито до светските пазари, блокирано од самиот почеток на руската агресија.

На средбата, Османи и Чавушоглу размениле мислења и за билатералните односи, политичкиот и економскиот дијалог, во светло на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи. Додека пак, направен е посебен осврт на регионалната соработка и предизвиците, како и на евро-атлантската перспектива на земјите од регионот и во таа насока и на наредните ангажмани на Северна Македонија во процесот на пристапните преговори и скринингот.

Во врска со претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, турскиот министер за надворешни работи Чавушоглу бил запознаен со приоритетите и со досега преземените активности и подготовки.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author