07.09.2022 Скопје
Актерката Силвија Стојановска е ослободена од обвинението за транспорт на дрога. На повторното судење, откако Апелација го врати предметот, судијата Огнен Ставрев посочил дека јавниот обвинител не докажал дека Стојановска го сторила кривичното дело.
Актерката во солзи ја дочекала ослободителната пресуда. Судијата Ставрев кажал дека, можеби актерката била препродавач, но тоа го нема во обвинението, судот ги ислушал сите сведоци и ги спровел сите докази кои се во постапката биле предложени за да на крајот, обвинетата Силвија Стојановска целосно ја ослободил од обвинението за кое кривично се гонеше актерката.
Апелација претходно донесе одлука со која ја укина првостепената пресуда, каде актерката беше осудена на 3,6 години затвор.
Според второстепените судии, не се докажала поврзаност помеѓу првообвинетиот Воислав Будисављевиќ, кој е осуден на седум години затвор и актерката Силвија Стојановска, бидејќи не постоело конкретно кривично дело од страна на актерката Стојановска.
Подготвено од М.Н.