01.09.2022 Скопје
Видливо е проевропското крило во опозицијата која ќе ги поддржи уставните измени, изјави првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби. Груби кажа дека не се владее во државата со страв и дека не се владее со граѓаните со вметнување на секојдневни стравови, туку со соочување со реалноста.
Груби кажа дека ништо лошо се нема случено после меѓувладината конференција во Брисел. Сите се уште зборуваме на македонски јазик, сите пишуваме на македонски јазик, никој не не бугаризираше, не не асимилираше и сето тоа беше една лажна вест, една пропаганда, исто како што беше лажна вест и Тиранската платформа и дека сите Македонци ќе мора да учат албански јазик или дека ќе се подели македонија, истакна Груби.
Реалноста е дека македонскиот јазик е официјален и ќе биде официјален во Европската Унија. Потенцираше дека Владата не се крие од одговорност во однос на овој процес како и дека гордо пристапува кон него, но и дека е убеден дека ќе останат на чело на уставните измени и дека проевропските сили во опозицијата ќе надвладеат контра регресивните, кои што според Груби, не сакаат земјата да ја видат во Европската Унија.
Подготвено од М.Н.