https://www.facebook.com/photo/?fbid=1015319115310214&set=a.479735413508390

02.09.2022 Скопје

Стопанството губи над 1 милион евра дневно плаќајќи скапа струја поради Ковачевски, обвинуваат од опозицијата во соопштение. Владата на антимакедонската СДСМ за да може да прави криминал увезува скапа струја, наместо да произведува во домашните капацитети, по далеку пониски цени. Од партијата обвинуваат дека Владата не произведува доволно струја и не го користи ТЕЦ Неготино да произведе струја за бизнисот, со што фирмите би плаќале многу пониска струја од сега и не би оделе во загуба која ги чини милиони евра.

Кога сите во регионот и Европа се снабдуваа со гас, нафтени деривати и мазут, Ковачевски ја распродаваше нашата историја и идентитет, наместо да фати и да ја подготви државата за тешката зима која доаѓа.

Струјата на светските берзи ќе стане се поскапа, а антимакедонската СДСМ нема план како да им помогне на фирмите, доколку Ковачевски повторно задоцни, штетите ќе бидат многу големи.

ВМРО-ДПМНЕ како партија уште пред половина година кажа што треба да направи Владата за да го спречи ценовниот шок кај струјата, но суетата на Ковачевски не му дозволи да имплементира совети од опозицијата, и додека тој се бори сам со себе, Македонија тоне, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Подготвено од М.Н.

About Author