04.09.2022 Скопје
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјавил дека ОН се во контакт со САД во врска со издавањето на визите на делегазијата на рускиот министер Сергеј Лавров. Од прес-службата на ОН, соопштиле дека генералниот секретар на ОН и другите претставници на организацијата на високо ниво остануваат во близок контакт со земјата-домаќин и релевантните мисии во ОН, вклучително и со мисијата на Руската Федерација, за прашања во врска со Договорот за седиштето на САД и ОН.
Во соопштението било наведено и дека активно соработувале со мисијата на САД за визи на делегациите за предстојните настани во седиштето на ОН и дека работат на случајот кој им е доставен со проблемот за визите за руската делегација, откако од страна на рускиот министер Лавров беше испратено писмо до Гутереш, бидејќи ниту еден од 56-те члена на делегацијата нема добиено виза за влез во САД, поради учество на седмицата на високо ниво на Генералното собрание на ОН.
Подготвено од М.Н.