https://www.flickr.com/photos/eccnil/1505254136/in/photolist-3i1PBw-PhPxPs-NhbvCg-3hfd6s-asdaR4-3hfcJL-Z5doWn-asdaPn-b6Zuvi-PvucZk-yA2PTn-o3XtA-av8hLE-o3Xtw-oK6hS-ao4ctZ-8CaM9N-6pHmzU-qJawK-8C7ECM-YMqogd-5tocLw-8HtVRu-4Mg9Am-LBwirf-nMqr3-7HDgD3-ao6Ysq-8CaMah-diPmGc-5urqy2-pd5EF-8CaMa1-o3Xto-8C7ECg-7i2Pzj-3fyo8c-YKBipj-8CaM2j-pw5Mc-4MbYuT-8CaM5y-nWvRb-38BApm-ao4deF-pTvmDi-5rNVMv-zaSMFg-dLSFpw-7ryuUc

18.09.2022 Скопје

Организаторите на Октоберфест објавија дека околу 700 000 луѓе, и покрај студеното и дождливо време, го посетиле Октоберфест во првиот викенд од манифестацијата. Тоа е значително помалку од еден милион луѓе, бројот на посетители истиот ден во 2019 година, пред пандемијата на Ковид-19.

Во традиционални баварски носии беа облечени околу 9 000 луѓе, кои излегоа на улиците на Минхен како дел од традиционалната годишна парада. На парадата присуствуваа голем број на луѓе од цела Германија, а имаше и групи од САД и Канада. Исто така, на парадата присуствуваа и градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер, како и баварскиот премиер Маркус Зедер, кои беа придружувани од нивните сопруги.

Низ градот маршираа акробатски танчери, членови на планинарски друштва и членови на Градската гарда на Минхен. На почетокот на Октоберфест се одржа традиционалната поворка, која е долга седум километри и е најдолгата ваква поворка во светот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author