https://www.facebook.com/photo?fbid=619625042865335&set=a.467686621392512

06.09.2022 Скопје

ВМРО-ДПМНЕ отпочнува постапка за задолжителен референдум, со цел укинување на договорот со Бугарија кој е потпишан со СДСМ. Изборниот Комитет на партијата донела одлука да се пристапи кон собирање на 100 потписи за граѓанска иницијатива, на кој првопотпишан ќе биде претседателот на политичката партија Христијан Мицковски и раководството од партијата. Отпосле очекуваат дека Собранието ќе ја одобри иницијативата и ќе почнат да течат роковите за собирање на 150.000 потписи со цел да се организира Референдум.

Од партијата изјавиле дека договорот е корен на сите проблеми, и почеток на негацијата на македонскиот јазик, идентитет и историја.
Антимакедонската партија СДСМ веруваат дека договорот е добар, но од опозициската партија изјавиле дека на Референдумот отворено ќе водат кампања се со цел да се поништи тој договор кој е штетен за сите граѓани.

Доколку во Владата постои барем малку демократија, треба да го поддржат Референдумот и да ги повикаат граѓаните на излезеност, да го спасиме нашиот македонски јазик, нашата една и единствена историја и нашиот идентитет, стоело во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Подготвено од М.Н.

About Author