04.09.2022 Скопје
Матичните лекари од утре го почнуваат протестот кој треба да трае три дена, односно до среда. Како што најавило нивното здружение, лекарите ќе бидат во нивните ординации, но нема да издаваат упати и рецепти и ќе прегледуваат само итни пациенти.
Претседателката на Здружението на приватни лекари, д-р Лилија Чолакова Дервишова изјавила дека веќе пет години немаат преговарано со Фондот бидејќи само се менувале директори и нема со кого сериозно да се работи.
Протестот не го поддржуваат од Здружението на општи и лекари по семејна медицина бидејќи дел од барањата кои заеднички ги креирале со Здружението на приватни лекари „исчезнале“.
Сега, според ова здружение, поголем фокус бил ставен на повозрасните, наместо на младите доктори, а оттаму бараат специјалистите по семејна медицина да имаат повеќе ингеренции, да можат да даваат повеќе услуги на примарно ниво и да имаат измени на моделот на капитација.
Подготвено од М.Н.