22.09.2022 Скопје
Од партијата на власт изјавиле дека Драган Ковачки, кој бил полковник во Армијата, дезертирал за политички да му служи на Христијан Мицковски и неговата партија.
Од СДСМ потенцирале дека Ковачки излегувал во јавноста и во име на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, ширел лаги и невистини во обид да направи дефокус од сомнителниот тендер од 136 милиони евра. За каква личност станува збор, доволно кажува фактот што Ковачки додека бил дел ос Армијата на Северна Македонија, бил казнет поради закани на началникот на Генералштабот на Армијата.
Ковачки упатувал навреди кон началникот и велел дека раката на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ била долга. Од партијата на власт се прашуваат дали освен навредите, Ковачки оддавал и воени тајни и дали би можел да биде шпион против својата држава, и потенцирале дека Ковачки треба да даде соодветни одговори на овие сомнежи.
Од СДСМ велат дека лидерот Христијан Мицковски е опкружен со вакви лица, односно со дезертери, криминалци и луѓе кои шират невистини, и се тоа за да добие малку внимание од граѓаните во државата.
Подготвено од М.Н.