09.09.2022 Скопје
Од новото лице на банкнотите и поштенските марки, до текстот на националната химна, Британија ќе доживее големи промени по смртта на кралицата Елизабета Втора и доаѓањето на нејзиниот син, кралот Чарлс III.
Се зборува дека британската национална химна, која датира дури од 18 век, ќе бидат променети некои пасуси, така што наместо „Господе спаси ја кралицата“ ќе пишува „Господе спаси го кралот“.
Исто така ќе бидат променети и монетите и банкнотите и на нив ќе стои главата на кралот, а старите со ликот на кралицата ќе бидат во оптег се додека не бидат целосно заменети. Поштенските марки исто така ќе се променат и на нив ќе стои ликот на идниот крал.
Засега познати се само овие промени, но се претпоставува дека допрва ќе бидат направени многу други промени во Обединетото Кралство.
Подготвено од М.Н.