https://www.facebook.com/photo.php?fbid=637127481305008&set=pb.100050232861148.-2207520000..&type=3

11.09.2022 Скопје

Поворката со ковчегот со телото на починатата кралицата Елизабета Втора, тргна од замокот Балморал од Шкотска. Според плановите на движење на поворката, полека ќе се менува рутата која е долга 280 километри од Балморал до Единбург за луѓето да можат да и одадат последна почит на долгогодишната кралица Елизабета.

Се предвидува дека поворката треба да помине низ шкотските градови Абердин, Данди и Перт, што ќе трае шест часа.

Долж предвидената рута по која ќе се движи поворката со телото на починатата кралица Елизабета Втора, има илјадници луѓе кои чекаат да и оддадат последна почит на кралицата.

Ковчегот ќе биде изложен во Холирудхаус, кралската резиденција во Единбург, каде што треба да остане до утрешниот ден на пладне.

Подготвено од М.Н.

About Author