https://www.facebook.com/glasnaamerika/photos/a.10150340740898621/10159389293833621/

16.09.2022 Скопје

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, изјавил дека за дисциплинската постапка на шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска, ќе треба да се обезбедат определени докази и за нив да се изјаснат обвинителите кои се опфатени со постапката.

По тврдењата на обвинителката Русковска, дека цели четири години не бил направен надзор на работата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Јовески рекол дека подолго време не е направен надзор не само во тоа обвинителство туку и во другите поради тоа што пречка било состојбата со пандемијата Ковид-19.

Републичкиот јавен обвинител врз основа на член 81 од Законот за јавно обвинителство, минатиот месец е донесено решение за одалечување од функцијата на шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Русковска, додека трае крвивчната постапка која е поведена по претходна пријава против Русковска, а по претресот во Управата за гинансиска полиција од страна на ОЈО ГОК.

Подготвено од М.Н.

About Author