30.09.2022 Скопје
Денеска, Организацијата за безбедност и соработка во Европа ја осуди илегалната анексија на Украина од страна на Русија.
Организацијата за безбедност и соработка во Европа соопшти дека оваа акција на Рускат Федерација, која вклучува мобилизација и неодговорни нуклеарни закани, води само кон поголема ескалација на конфликтот, ставајќи во опасност милиони животи и предизвикувајќи дополнително непотребно човечко страдање.
Во соооштението, стои и дека чекорот објавен денеска е јасно кршење на основните правила на меѓународното право, принципите на ОБСЕ и Повелбата на ОН.
ОБСЕ ја повика Русија да ги повлече сите свои сили од Украина и ја повтори својата поддршка за Украина и нејзиниот народ, како и посветеноста на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на таа држава.
Организазацијата за безбедност и соработка во Европа ја осуди нелегалната анексија на Руската Федерација над украинските територии Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсонската област, како и продолжувањето на окупацијата на Крим.
Подготвено од А.Ѓ.