https://www.facebook.com/unitednations/photos/pcb.10160696657665820/10160696656065820/

20.09.2022 Скопје

Антонио Гутереш, генералниот секретар на Обединетите Нации, говорејќи во пресрет на годишната сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации, на состанок посветен на образованието, предупреди на нееднаков пристап до образованието низ целиот свет и истакна дека образованието во целиот свет е во длабока криза.

Според Гутереш, пандемијата на Ковид-19 има катастрофално влијание врз образованието, каде што сиромашните ученици без технолошка поддршка се најдоа во особено неповолна положба. По што, Гутереш апелираше до сите земји да направат приоритет за повисоки распределби на средства за унапредување и подобрување на условите за образование.

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, упатувајќи критики до авганистанските талибанци, кои откако се вратија на власт во август минатата година, од образование ги лишија повеќе од милион тинејџерки, апелираше до властите во Авганистан да ги отстранат сите ограничувања за пристапот на девојчињата до средно образование.

Сомаја Фаруки, членка на прославениот тим за роботика на девојки од Авганистан, предупреди дека талибанците полека го елиминираат постоењето на жените во авганистанското општество и нагласи дека илјадници девојчиња можеби никогаш нема да се вратат на училиште, затоа што поголемиот дел од нив се омажија, а ветувањата за повторно отворање на училиштата „доаѓаа и поминаа“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author