https://l.facebook.com/l.php?u=https%3A%2F%2Fwww.instagram.com%2Fp%2FB2R0YgYIhdV%2F%3Figshid%3DYmMyMTA2M2Y%253D%26fbclid%3DIwAR3gAHbYLM6mlkcCBTISTxqq9UlXBpNdUKRnNkglCMSpP_bwxdz7Qpo6dm8&h=AT3inwYxN3BDdPEcqG4jWjFZ6j6A6xWv0vMv22FLfPXO1yPJrjF-zGFDlSILJ5e6qHaK4vUJ30LclBFDHOsJmS132F3vYouIuTC2-4TNm1v_hWVeuubeyMMNCxI4tRkG7lelXQ

09.09.2022 Скопје

Периодот на жалост на британското кралско семејство за кралицата Елизбета Втора ќе трае од денес до седмиот ден после погребот, соопштиле од Бакингемската палата. Датумот на погребот на кралицата се уште не е официјално потврден.

По смртта на кралицата Елизабета Втора, желба на неговото височество кралот е од сега па се до седмиот ден по погребот на кралицата да се почитува периодот на кралската жалост. Оделно од националната жалост, која се очекува владата да ја прогласи денеска, кралската жалост треба да ја почитуваат членовите на кралското семејство, персоналот на кралското домаќинство и претставниците на кралското домаќинство на службени должности, заедно со трупите посветени за церемонијалните должности.

Знамињата на кралските резиденции од вчерашниот ден се на половина копје, и ќе останат на половина копје се до 08:00 часот наутро до последниот ден на кралската жалост.

Во Хајд Парк во Лондон, точно во 14 часот по средноевропско време, топови ќе истрелаат 96 почесни плотуни за секоја година од животот на кралицата, соопштиле од Бакингемската палата.

Подготвено од М.Н.

About Author