https://www.facebook.com/photo.php?fbid=479389200862823&set=pb.100063752408342.-2207520000..&type=3

28.09.2022 Скопје

Министерството за животна средина и просторно планирање, без разлика што се очекува тешка зима во однос на набавката на енергенси, инсистира увезените енергенти да бидат по зацртаните стандарди, за дополнително да не се загадува воздухот.

Нуредини, по завршниот настан на проектот „Справување со загадувањето на воздухот во Скопје“, изјави дека сите се борат да обезбедат струја, енергија за сите граѓани и за приватниот сектор. Исто така, истакна дека за жал во Владата имаат големи дебати како тоа ќе го обезбедат и дали ќе биде со јаглен или со гас, но најбитно е да се обезбеди енергетика за граѓаните и приватниот сектор.

Нуредини потенцираше дека како министерство бараат тие тврди енергенси што ќе се увезат да бидат согласно стандардите и законски, како и дека заедно со Министерството за економија бараат добавувачот да потврди дека стандардот на јаглен е онаков како што законски е дозволен во државата. Воедно, истакна дека зимата ќе биде тешка, но сите заедно треба солидарно да бидеме енергетски ефикасни, за да поминеме добро.

Нуредини уверува дека ќе продолжат да работат на подобрување на животната средина.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author