03.09.2022 Скопје
Најголемата нуклеарна централа во Европа, Запорожје, повторно била исклучена од електродистрибутивната мрежа откако претрпела оштетување поради гранатирање.
Далеководот Дњепровскаја бил повторно погоден од граната, и нуклеарната централа сега работела само колку да ги задоволи своите потреби, соопштил на Телеграм член на регионалната администрација Владимир Рогов, и додал дека гранатата ја погодила областа помеѓу двата реактори на нуклеарната централа.
Воено-цивилната управа на Енергодар соопштила дека е прекинато снабдувањето со електрична енергија на територијата која е контролирана од страна на Украина.
Подготвено од М.Н.