11.09.2022 Скопје
Работата во украинската нуклеарна централа Запорожје, која е под контрола под руските сили, е целосно прекината како безбендосна мерка, соопштила државната агенција која е задолжена за работа на нуклеарната централа.
Во средата Киев ги повика жителите на руската област околу електраната, која е најголема во цела Европа, да се евакуираат поради сопствена безбедност, бидејќи во близина на нуклеарната централа се извршиле низа напади и поради тоа имаше неколку пати прекин на електрична енергија во самата нуклеарна централа.
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за гранатирањата кои се во близина на централата, со што се заканува на цела Европа нуклеарна катастрофа. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во претходните денови го повика своето население на демилитаризација на околината околу централата.
Енергоатом објави дека постои висок ризик од натамошни оштетување на електричната мрежа што ја снабдува електраната , поради што електраната ќе мора да помине на напојување со дизел генератори што е ограничено со количината на достапноста на дизел горивото.
Поради таа причина била донесена одлуката да се исклучи реакторот 6 и електраната да се стави во најбезбедна состојба во овој критичен период.
Подготвено од М.Н.