https://www.flickr.com/photos/bou5zou57ki1208yasu/52344370067/in/photolist-2nKuzz6-nomoRm-2mXVdRE-4eHMbc-5afeA7-213c2Jh-2mNr1Bp-2jxi2Eo-77d6fu-KqTaPo-2nC3DFf-4FXNk2-2k7C7NX-8WqjL9-4FXKwZ-2nKNuUR-4G2WnG-4FXLE4-4WkQai-v5da3-2i6ybtU-2jPjzVv-28AwpfN-voPXou-4UB8HA-dGLKE5-8tPYhZ-byNy3r-2jDn1ZW-KZeNJH-2d8wRJ-2mcBjJF-NFiEqP-2nkyiab-2iptP14-5UhBz2-Br1Mqu-4YqyQT-2nvbe3U-9s76Av-nHJzSa-q9waYB-8fWhHV-2iMPfbx-ddf92i-qqXHCZ-yvnv9F-s4R7y-BnD717-2gYeH24

09.09.2022  Скопје

Новиот британски крал Чарлс III, денеска ќе го има своето прво обраќање на нацијата, по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, која почина на 96-годишна возраст. Чарлс Трети, кој побрза да биде со кралицата пред да умре во нејзиниот дом во Шкотска, се вратил назад во Лондон со неговата сопруга Камила за да оствари средба со премерката Трас и потоа да се обрати на својата нација.

Сочувство од целиот свет продолжуваат да стигаат до целото кралско семејство, поради смртта на Елизабета Втора, која беше монах со најдолг стаж во Велика Британија, кралицата на светска сцена беше присутна цели седум децении.

Во Лондон илјадници луѓе се имаат соберено пред Бакингемската палата, а веста за смртта на кралицата била дочекана со молк додека знамето се спуштало на половина копје.

Чарлс трети, кој автоматски стана крал на Обединетото Кралство и владетел на 14 други земји на Комонвелтот, вклучувајќи ги Австралија, Канада и Нов Зелант, изјавил дека во овој момент поради смртта на кралицата, тој и целото негово семејство се во голема тага. Се очекува новиот крал да се сретне со премиерката Трас а подоцна да се обрати на целата светска нација.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *