https://twitter.com/trussliz/status/1567268354209058828/photo/1

06.09.2022 Скопје

Новата британска премиерка Лиз Трас однапред има негативен став кон Русија, додека во сегашните околности за Лондон би било поважно да ги реши односите со најблиските соседи, вклучително и Франција, изјавил рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Лавров оценил дека Трас има приоритет пред конечно да го одреди својот став кон Русија, а тоа е да разбере дали францускиот претседател Емануел Макрон е нејзин пријател или непријател.

Лондон се обидува да ја компензира загубата на своето влијание во Европа со агресивно мешање во ситуацијата поврзана со Украина и ги брани нејзините интереси, без да ја земе во предвид ситуацијата и позицијата на другите земји.

На кампањата која се одржа минатиот месец во Велика Британија, Трас изјавила дека се уште нема донесено одлука во врска со францускиот претседател Емануел Макрон, односно дали ќе биде нејзин пријател или непријател.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *