https://www.facebook.com/photo.php?fbid=177092504892522&set=pb.100077753190307.-2207520000..&type=3

20.09.2022 Скопје

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, соопшти дека новиот општ колективен договор во јавниот сектор, на кој се работи, ќе обезбеди постојан раст на платите на вработените. Воедно, додаде дека тоа ќе биде системско решение кое нема да зависи од ничија политичка волја.

Новиот општ колективен договор за јавниот сектор ќе биде потпишан до крајот на 2022 година.

Јованка Тренчевска, министерката за труд и социјална политика, нагласи дека новиот закон е во завршна фаза и се очекува во месец ноември да се излезе на јавни дебати со вклученост на сите страни. Исто така, истакна дека новиот закон го работат низ социјален дијалог со синдикатите и работодавачите, кој треба да биде усогласен со европските права и со конвенциите ратификувани со МОТ, додека пак новина претставуваат договорите на определено време, на кои важноста сега им е пет години. Министерката Тренчевска верува дека ќе се најде предкомпромис со синдикатите, затоа што предлогот на синдикатите е намалување на една година, а на работодавачите три години.

Министерката Јованка Тренчевска посочи дека едно од првите решенија беа измените на Законот за минимална плата, со кои минималната плата пред пет години изнесуваше 9 000 денари, а денес е 18 000 денари. Според министерката, тоа се двојно зголемени плати и двојно повисоки приходи за работниците и со тоа нагласи дека социјалниот дијалог со синдикатите е жив и ќе продолжи, затоа што во рамки на тој дијалог се носат најдобрите решенија за работниците.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author