https://www.flickr.com/photos/mikepaws/14421329982/in/photolist-nYn5Yo-GUWp9q-2nKJKhE-ppNM78-uAu1Qf-f27uzw-2gMMLUN-f27uGJ-2nKwTKw-2nKuCSi-bDh8tw-2nKANjZ-2nKANaF-2nKzx8G-2nKuCZh-HSUKJc-H4rNEb-2nKANaa-2nKuCQj-2nKzx7j-2nKBJee-2nKBJeQ-2nKB7h8-a3NdhX-2nKXtRN-2nKSzVn-a4Gdem-2nKRfTU-f27v3f-f1Subk-W5FeBE-2mScCeS-2mS52u3-2nKu3Ed-cbM5gE-a4DzQn-a3N6Qk-carxYs-2nKupWq-d2yzjm-bRi8fT-2npj4og-2nphReL-2npkq2p-BSbMUp-caRPPN-2nKBqhy-2mScCh2-2mS52rc-2nKF1th

08.09.2022 Скопје

Британската кралица Елизабета Втора, одлучила да понуди куќа за изнајмување, на нејзиниот приватен имот во Сандрингем, на онлајн сервисот за изнајмување на имот „Airbnb“.

Куќата претходно била дом на главниот градинар на нејзиното височество, на имот во областа Норфолк, каде членовите на кралското семејство го поминуваат Божиќ.

Во огласот се наведува дека објектот има два ката, може да прими осум гости и содржи мебел и уметнички дела во сопственост на ккралското семејство.

Цените варираат секојдневно, но убавата викендица може да се изнајми за 354 фунти од ноќ, од следниот Февруари, за минимум три ноќевања, изјавиле од сервисот за изнајмување на имот.

Огласот доаѓа само една недела откако кралицата најави дека туристи ќе можат да го посетат нејзиниот имот Балморал во Шкодска, по намалени цени поради кризата која ја зафати Британија, објавиле британските медиуми.

Подготвено од М.Н.

About Author