05.09.2022 Скопје
Против ниту еден жител на Арачиново досега нема поднесено кривична пријава, не се води предистрага, ниту истрага, ниту пак е поднесено обвинение за кражба на електрична енергија. ЕВН известија дека има над 6 милиони евра загуба на струја, главно украдена, што претставува 80 проценти од испорачаната струја, а на првото место за кражба на електрична енергија е Арачиново. Од страна на Основното јавно обвинителство изјавиле дека до сега нема поднесено ниту една кривична пријава која е поврзана со интервенциите на ЕВН во Арачиново.
За сега од компанијата велат дека се прави инспекција на мрежата, па ќе се прави реконструкција, и откако ќе заврши целиот тој процес ќе се носи одлука за конкретни дејствија за кривични пријави.
Кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“ е регулирано во кривичниот член 235 став 1 и гласи дека тој што со приклучување без согласност на соодветниот оператор на системот, со превземање пред уред за мерење, со отстранување, онеспособување, премостување, промени и слично ракување со уред за мерење или на друг начин неовластено ќе користи елекртична енергија, топлинска енергија или природен гас, со намера за себе или за друг да прибави противправна имотна корист, ќе се казни со затвор до три години и со парична казна.
Според став 2 ако вредноста на украдената електрична енергија, топлинската енергија или природен гас е поголема, сторителот ќе се казни со затвор до пет години и со парична казна.
Ставот 3 пак вели дека обидот за делата (1) и (2) на овој член е казнив, а ставот 4 дека ако делото го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.
Во полициската евиденција на поднесени кривични пријави за кражба на струја, пријави за кражба на струја Арачиново не е застапено.
На изјавите дека големата кражба на струја во Арачиново сите граѓани ја плаќаат таа загуба од ЕВН потврдуваат дека тие изјави се точни, кажаа дека сите заедно ја плаќаме скапата, но и евтината тарифа од делот на украдената струја.
Реконструкцијата ќе трае можеби и една година и после тоа се најавени и кривични пријави за жителите на Општина Арачиново.
Подготвено од М.Н.