https://www.flickr.com/photos/194127269@N05/52046969230/in/photolist-2nidjEs-2nuwD1q-2ndeLd2-2mR2vGU-2iQuy2i-2n5Q71V-2mkdEWY-rd62Zv-2n79UGk-2nd92BE-2ndfVm1-2nd9m13-2nd958w-2ntUbSh-2ndKFGD-2mSNK24-2ndesXF-4VhjYF-2ndfDeG-2ndesP9-gTDpmq-2nGaJaL-2nGjsjU-2ndgZJD-2ngkwkK-2nde9mf-2nderjW-bEPG2T-bEPDDK-2nderzW-2ndfBgo-o2sYCN-bEPGzp-2n48RPG-brUNi3-brUQ31-2ndHcFZ-2nurB6n-2n5SWs1-brUMu9-bEPFPk-gTDsn4-2n68MAh-brUMJJ-2n963ij-2nnXuDX-6amTqr-2ivuBa2-6QHv3F-9p8zqG

21.09.2022 Скопје

На годинешното заседание на Генералното собрание на Обединетите нации, германскиот канцелар Олаф Шолц изјавил дека рускиот претседател ќе треба да се откаже од своите империјални амбиции и да признае дека нема да може да победи во војната против Украина.

Шолц порачал дека нема да прифатат никаков мир кој ќе биде диктиран од страна на Русија, и дека ќе направат уште поглеми напори за да Украина може да се одбрани од руските напади.

Војната на Путин против Украина е враќање на империализмот, и тоа нема да биде само на штета на Европа, туку и за глобалниот мировен поредок кој е заоснован врз низа правила, изјавил Шолц. Шолц, исто така, ги повикал Обединетите Нации да ги бранат останатите од оние кои претпочитуваат свет во кој силните ќе владеат со слабите.

Дали треба да се гледа беспомошно, како некои се обидуваат да го вратат светот назад кога војната била вообичаено политичко сретство, каде што независни нации треба да се приклучуваат кон своите посилни соседи или колонијални господари, и каде што просперитетот на човековите права се привилегии само на неколку среќни луѓе, изјавил Шолц.

Шолц кажал дека ова е 21 век и дека сите мора да обезбедат мултиполарниот свет да остане во оваа доба, а не да се враќа наназад и за да се постигне поуспешнo оваа цел „глобалниот југ“ треба да има поголема улога во светските улоги и работи.

Подготвено од М.Н.

About Author