https://www.flickr.com/photos/nato/52186253374/

22.09.2022 Скопје

Земјите-членки на НАТО ја осудија намерата за одржување референдуми на територијата на Украина под руска окупација и ја отфрли руската неодговорна нуклеарна реторика.

Во соопштението на Северноатлантскиот совет, тело составено од амбасадори на земјите-членки на НАТО, стои дека најостро го осудуваат планот за одржување на референдум за приклучување кон Руската Федерација на украинските територии делумно контролирани од Русија. Соопштението го објавија веднаш откако Русија најави одржување референдуми во регионите Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон.

Членките на НАТО, во соопштението, нагласуваат дека никогаш нема да признаат нелегална и нелегитимна анекција на украинската територија, како и дека Русија сноси целосна одговорност за војната, огромното страдање што нејзината агресија му го носи на украинскиот народ, како и за цената на нејзината војна, вклучително и за рускиот народ кој сега се мобилизира, а истакнаа и дека Русија го има крајот на конфликтот во свои раце и мора веднаш да ја запре војната и да се повлече од Украина.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author