https://commons.wikimedia.org/wiki/File:ZGOP_dvoputi_bager_DSF.jpg

22.09.2022 Скопје

Уште во месец февруари оваа година, Месната заедница Маврово, испратиле писмо до Јавното претпријатие за комунална дејност Маврово во кое се бара поради проблемите со водоснабдувањето, да престање со издавање на позитивно мислење за градежни дозволи. Од Месната заедница Марово, бараат нивни претставници, заедно со советници од Општина Маврово Ростуше од Мавровскиот регион да бидат присутни на седниците на Управниот одбор на ЈПКД Маврово.

Истото писмо било испратено и на почетокот на овој месец, жителите на селото Маврово сметаат дека за време на летните месеци има сериозен проблем со водоснабдувањето на мештаните и на своите викендици, притисокот секогаш е намален а често пати и нема вода во куќите од повисоките делови.

Од Месната заедница се повикуваат и на извештај од стручни мерења во кои било напишано дека овие водоводи не ги задоволуваат потребите на месното население и на викендиците, тие изјавиле дека не се проѕив развојот на Маврово и изградби на нови куќи и викендици, но со непланското градење уште повеќе ќе се зголеми проблемот со водоснабдувањето на веќе постоецкото население во Маврово.

Подготвено од М.Н.

About Author