10.09.2022 Скопје
Стандардот на граѓаните вртоглаво паѓа се пониско, а власта и Ковачевски воопшто не го гледаат тоа, или пак не сакаат да го видат, реагираат од опозициската партија на Северна Македонија, во врска со покачената инфлација во месец август.
Во пораката испратена од ВМРО-ДПМНЕ се наведува дека инфлацијата во Македонија руши рекорди, и за жал е една од највисоките стапки во цела Европа. За една не цела година граѓаните во државата плаќаат двојно поскапо за основните прехранбени продукти, леб, млеко, масло за јадење…згора на се, Северна Македонија освен што најбргу осиромашува и има низок раст на БДП за вториот квартал од само 2,8%.
Месец јули заврши со голем пад на индустриското производство во споредба со минатата година, а многу голем број од компаниите се уште немаат исплатено на своите вработени и плати за месец јули.
Во пораката до власта од страна на опозициската партија стои дека власта не треба да биде концентрирана само на своите криминали, туку треба да се свртат кон народот и да не го оставаат се повеќе да тоне во немаштија. Власта да не се правда со тоа дека секаде во светот е криза, порачуваат дека и покрај кризата која постои другите држави имаат многу подобри резултати за разлика од Северна Македонија.
Подготвено од М.Н.