https://www.flickr.com/photos/workflo81/6835091887/in/photolist-bpZCFR-5Su9JM-QyLz3n-8K4zy-2kovvCd-2kouT7G-2kouT8U-2kouSHL-2kor3Qu-2kovvxy-2kor47r-2kouT2S-2kouSVe-2kor3U7-2fMnTKg-2kor43U-2kor42b-2kovvk9-2kor3Yq-2kovvsJ-2kouSR6-2kovvm1-2kouT4F-2kor3N5-2kouT19-2kouSWG-2kouT8t-2kovvuC-2kouSR1-2kouSQp-2kor43P-2kouT64-2kor3My-2kouT7g-2kovvs8-2kouT3i-2kouSVV-2kouSMo-2kouSNa-tyYpLw-qFUfKw-asWryK-asVPE4-5ykLj-XHvikb-2hTkobq-rffTaL-asWrvc-2nvdia8-joZu7h

14.09.2022 Скопје

Сметките за парно од денеска се намалени во согласност со насоките кои пред две недели ги даде Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Од денеска на граѓаните ќе им пристигаат новите сметки по пошта или електронски пат и ќе може да се забележи дека се разликуваат од претходните сметки, односно за сума меѓу 300 и 500 денари, во зависност од квадратурата на објектот кој се грее и неговата енергетска ефикасност.

Граѓаните кои плаќале сметки околу 3000 денари за месец август, сега ќе добијат нови, корегирани сметки кои ке изнесуваат околу 2500 денари. Проблемот во БЕГ настанал бидејќи Владата не ги исплатила субвенциите за греење, по што БЕГ доставиле до граѓаните несубвенционирани сметки за парно.

Подготвено од М.Н.

About Author