https://www.facebook.com/photo.php?fbid=376318374678696&set=pb.100069016095883.-2207520000..&type=3

19.09.2022 Скопје

По повеќето инциденти кои се случиле во автобусите на ЈСП Скопје на релација од Ченто до Стајковци, во кои биле повредени средношколци, градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, го свикал советот за превенција, а во изминатите денови имал средба и со загрижените родители.

Покрај ова донесени биле и други заклучоци меѓу кои Општината во насока на идна превенција да организира најразличен вид на настани со ученици од различни етнички заедници со цел да биде поттикнато другарствотo и соживотот на сите заедно. Исто така, локалната власт треба да го информира Секторот за образование на Град Скопје за приклучување кон активностите за надминување на настанатата ситуација, бидејќи учесници во немилите настани се средношколци, а се превзема и обврска за организирање на состанок со директорите на скопските средни училишта.

Градоначалникот на Општина Гази Баба изјавил дека ќе направи се што е во негова надлежност за во иднина да не се повторуваат такви немили настани, бидејќи Гази Баба е мултиетничка општина и треба и мора да се работи на градење на соживот меѓу населението.

Подготвено од М.Н.

About Author