22.09.2022 Скопје
Фатмир Битиќи, вицепремиерот за економски прашања, изјавил дека доколку се одржиме на проекциите, просечната годишна инфлација ќе биде од 10 до 11 проценти на крајот на годинава.
Во период на криза, според Битиќи, дури и влегувањето во рецесија не е најстрашното што може да се случи, а порача дека е важно да имаат ефект одлуките што ги носат сите чинители. Воедно, Битиќи истакна дека како Влада се имаат справено и со потешки ситуации, така ќе се справат и со излегувањето од рецесијата како земја, а особено имаат покажано дека економијата е доволно флексибилна за да се справи со сето тоа ако има добар партнер во Владата.
Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, смета дека доколку се одржат проекциите, на крајот на годината просекот во цела година ќе биде отприлика 10 до 11 проценти инфлација во една од најтешките години со низа на кризи. Исто така, смета дека е доста добра стапка на инфлација, разумна за економијата во Македонија за да може да се покрие наредниот период и нагласи дека неразумно е се што е над 20 проценти.
Во врска со преговорите за набавка на струја од Бугарија, Битиќи посочи дека се додека има преговори нема да се откажат и ја потенцираше важноста на јавните средства, бидејќи на крајот на краиштата, стопанствениците коишто евентуално би ја добиле електричната енергија со евентуална набавка или договор што би се постигнал со Бугарија и со која било друга земја, може утре да излезат и да кажат дека сега плаќаат 70, 80 или 100 евра повисока цена отколку што би платиле да почекавте една недела.
Подготвено од А.Ѓ.