https://www.facebook.com/footballfederationofmacedonia/photos/pcb.5855875151112611/5855872024446257/

27.09.2022 Скопје

Во кратка реакција од Министерството за надворешни работи во врска со синоќешниот фудбалски натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Бугарија има напишано дека спортските настани претставуваат највисок израз на принципите на фер односи, меѓусебна почит и натпревар во спортски дух.

Злоупотребата на овие настани за ширење на омраза и нетрпеливост, претставува суштинска спротивност на нивната основна замисла, стои во реакцијата од МНР.

Северна Македонија и Бугарија и во иднина ќе продолжат активно да работат на унапредување на меѓусебните односи, како добри соседи, како земји сојузнички во НАТО,како идни партнери во Европската Унија, имаат напишано во реакцијата од Министерството за надворешни работи на Северна Македонија по синоќешниот фудбалски натпревар кој се одигра на најголемиот стадион во Скопје и на кој беа упатени безброј навредливи коментари со говор на омраза на социјалните мрежи.

Подготвено од М.Н.

About Author